Почеток МАКЕДОНИЈА Сообраќајот на патот Скопје–ГП Блаце се пренасочува само за товарни возила

Сообраќајот на патот Скопје–ГП Блаце се пренасочува само за товарни возила

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Поради технички проблеми на терминалот од косовска страна, сообраќај на магистрален пат Скопје –ГП Блаце (бензиска пумпа Дизел) се пренасочува само за товарни возила, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Нема информации кога би се нормализирал сообраќајот.

Оттаму појаснуваат дека и на регионалниот пат Зрновци – Пониква, поточно на м.в„Белска крстосница“, од 28.10.2024 г. отпочнат е јавен протест кој ќе трае во наредните неколку дена. Сообраќајот се одвива по една коловозна лента кон Пониква и кон с.Бели.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Сообраќајот на патот Скопје–ГП Блаце се пренасочува само за товарни возила appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro