Почеток МАКЕДОНИЈА Нова жртва на македонските патишта: Едно лице загина во сообраќајка кај Рибарци

Нова жртва на македонските патишта: Едно лице загина во сообраќајка кај Рибарци

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Нова трагедија на македонските патишта. Едно лице загинало на лице место, а три се тешко повредени во сообраќајка што се случила утрово околу 9 часот кај село Рибарци, на регионалниот пат од Кавадарци кон Росоман.

Оваа информација ја потврдија од Итната медицинска помош во Кавадарци.

-Трите лица се транспортирани до кавадаречката болница, појаснуваат оттаму.

Од Велешката полицијата потврдија дека на лице место се врши увид.

Ова следи откако во саботата на 2-ри ноември, полицијата информираше дека 56-годишен возач на „сканиа“ загинал откако излетал од регионалниот пат Македонски Брод-Прилеп.

-Во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, на превојот „Барбарос“ се случила сообраќајна несреќа, при што Е.У.(56) од Богданци управувајќи товарно моторно возило „сканиа“ со гевгелиски регистарски ознаки, во сопственост на правен субјект од Богданци, загубил контрола врз возилото и излетал надвор од патот, стоеше во соопштението од Битолската полиција.

The post Нова жртва на македонските патишта: Едно лице загина во сообраќајка кај Рибарци appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro