Почеток МАКЕДОНИЈА Петрушевски: Судскиот совет и Советот на јавни обвинители со упадот во Академијата за судии и јавни обвинители уште еднаш покажаа зошто народот нема доверба во правосудството

Петрушевски: Судскиот совет и Советот на јавни обвинители со упадот во Академијата за судии и јавни обвинители уште еднаш покажаа зошто народот нема доверба во правосудството

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Судскиот совет и Советот на јавни обвинители со упадот во Академијата за судии и јавни обвинители уште еднаш покажаа зошто народот нема доверба во правосудството, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– Наместо да назначат за членови на УО на Академијата судии и јавни обвинители, тие назначија свои членови.

Судскиот совет и Советот на јавни обвинители го прекршија законот, а притоа назначија и луѓе блиски до СДС.Како од стотици судии Советот на јавни обвинители и Судскиот совет за членови на УО на Академијата избраа свои членови, кои патем се и сестра на пратеничка од СДС, мајка на советничка од СДС и братучетка на полициски началник од времето на СДС? Ги повикуваме и Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да ги преиспитаат своите одлуки, зошто во спротивно ќе бидат директно одговорни за нарушување на кредибилитетот на правосудните органи.Овие незаконски и партиски назначувања се доказ зошто се потребни реформи во правосудството, рече Петрушевски.

Текстот Петрушевски: Судскиот совет и Советот на јавни обвинители со упадот во Академијата за судии и јавни обвинители уште еднаш покажаа зошто народот нема доверба во правосудството е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro