Почеток БАЛКАН Општина Гази Баба доделува субвенции за стерилизација на домашни миленици  

Општина Гази Баба доделува субвенции за стерилизација на домашни миленици  

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Општина Гази Баба доделува субвенции на граѓаните за стерилизација на домашни миленици. За таа цел е објавен јавен повик.

Локалната самоуправа 100% ќе ги надомести трошоците на граѓаните, но не повеќе од 6.000 денари.

-Ова е уште една мерка која ја реализираме како одговорна локална самоуправа во насока на системско решавање на проблемот со бездомните миленици на долг рок – истакна градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Тој додава дека придобивките од стерилизацијата на милениците се многубројни и подеднакво важни како за здравјето на миленикот така и за околината.

-Стерилизацијата е најдобро решение за контрола и намалување на популацијата на бездомни миленици, а истовремено се намалува и нивната агресивност – заклучи Стефковски, повикувајќи ги граѓаните да ја искористат можноста и да добијат субвенции.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro