Почеток Скопјанец измамен за 50. 000 денари: непознато лице му се претставило како вработен во МВР и му ветувал вработување на синот

Скопјанец измамен за 50. 000 денари: непознато лице му се претставило како вработен во МВР и му ветувал вработување на синот

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Вчера во 11.00 часот во СВР Скопје, 85 – годишен маж од Скопје пријавил дека на 01.11.2024 бил измамен од едно лице за сума од 50.000 денари.

Според пријавеното, лицето се претставило како вработено во МВР и му кажало дека ќе му помогне да го излечи неговиот син, а потоа и да го вработи за што му ги побарал парите.

Како што е пријавено, откако му ги дал парите, телефонот на лицето не бил достапен, по што сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Текстот Скопјанец измамен за 50. 000 денари: непознато лице му се претставило како вработен во МВР и му ветувал вработување на синот е превземен од МАКФАКС.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro