Почеток СВЕТ Обложувалницата Полимаркет бележи зголемени шанси Доналд Трамп да стане претседател

Обложувалницата Полимаркет бележи зголемени шанси Доналд Трамп да стане претседател

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

На денот на американските избори, обложувалницата Полимаркет ги бележи зголемените шанси Доналд Трамп да стане претседател.

На таа платформа во моментов, Трамп има 62,3 отсто шанси за победа, додека Камала Харис има 37,8.

Минатата ноќ проценките беа 58% за Трамп и 42% за Харис.

На Полимаркет, каде што процентите се ажурираат во реално време, Трамп и Харис беа најблиску по коефициенти на 3 ноември, кога Трамп имаше 53%, а Харис пред еден месец, беа целосно изедначени.

Полимаркет е децентрализирана платформа за предвидување која им овозможува на корисниците да се обложуваат на исходите од вистински настани, вклучително и политички избори, користејќи криптовалути.

Кога станува збор за предвидување на резултатите од претседателските избори во САД, Полимаркет привлече значително внимание. Платформата тврди дека комбинира вести, анкети и експертско мислење за да создаде вредност што го одразува пазарниот консензус.

Сепак, некои предупредуваат на можни предрасуди во платформата.

На пример, демографијата на корисниците, кои често се помлади мажи наклонети кон криптовалути, може да влијае на резултатите. Исто така, големите индивидуални облози можат значително да влијаат на изгледите на пазарот, што ја доведува во прашање објективноста на предвидувањата.

Текстот Обложувалницата Полимаркет бележи зголемени шанси Доналд Трамп да стане претседател е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro