Почеток БАЛКАН Весиќ и официјално поднесе оставка

Весиќ и официјално поднесе оставка

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура во Владата на Република Србија, Горан Весиќ и официјално поднесе оставка.


Весиќ на својот профил на социјалната мрежа Х објави и фотографија од писмената оставка која ја поднел по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, а која ја прифатил и премиерот на Србија, Милош Вучевиќ.

Весиќ во денешното соопштение истакна дека оставката ја поднел како одговорен човек кој со личен пример сака да покаже дека во денешна Србија има морална одговорност поради страшната трагедија во Нови Сад што се случи во ресорот со кој раководи.

Текстот Весиќ и официјално поднесе оставка е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro