5
„Ќе бидеме трпеливи“, рече менаџерката на кампањата на Харис, Џен О’Мали Дилон, коментирајќи ги различните правила за броење гласови што ги следат клучните држави, пренесува АП.
О’Мали Дилон изрази надеж дека раната излезност во Џорџија и Северна Каролина е позитивен знак за кампањата на Камала Харис.
До крајот на предвременото гласање во Северна Каролина во саботата, повеќе од 4,4 милиони гласачи – или скоро 57% од сите регистрирани гласачи – го дадоа својот глас.
Во меѓувреме, повеќе од 4 милиони гласачи гласаа предвреме во Џорџија, што е рекорд.
Текстот Рекордна излезност во две клучни држави во САД е превземен од А1он.