Почеток МАКЕДОНИЈА Од почетокот на грејната сезона кумановци сè почесто во болниците

Од почетокот на грејната сезона кумановци сè почесто во болниците

racin.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Зголемен е бројот на пациенти во кумановската болница кои се жалат на отежнато дишење, тежина во градите, сува кашлица изразена во ноќните часови, соопштија денеска надлежните од кумановската општа болница. Напливот на пациенти видливо е зголемен, особено од почетокот на ноември, кога и почна затоплувањето. Специјалист по интерна медицина во болницата, Нора Господинова Николовска вели дека зголемен е бројот на пациенти кои бараат помош за здравствени тегоби предизвикани од аерозагадувањето. Кумановци се жалат дека на одредени моменти воздухот е непријатен, особено навечер. Непријатен мирис најмногу се чувствува покрај булеварот „Октомвриска револуција“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro