Почеток СПОРТРакомет Македонските ракометари денес ги стартуваат квалификациите за ЕП 2026 година

Македонските ракометари денес ги стартуваат квалификациите за ЕП 2026 година

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Македонската машка ракометна репрезентација денес го стартува новиот квалификациски циклус за пласман на едно Европско првенство.

Момците на Кире Лазаров пред себе имаат мисија да го изборат деветото учество на континенталните натпреварувања или осмо по ред.

ЕП 2026 година ќе се одржи во три земји: Данска, Норвешка и Шведска, а Македонија во квалификациите за противник ќе ги има селекциите на Словенија, Естонија и Литванија.

Двете најдобри репрезентации од секоја група ќе обезбедат билет за ова натпреварување.

Првиот меч „црвено-жолтите“ го играат денес, во СЦ „Борис Трајковски“ од 20 часот каде гостува Естонија, додека четири дена подоцна Литванија ќе ни биде домаќин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro