Мешаниот аматерски хор на КУД „Стив Наумов” – Битола е првиот, најстариот македонски хор, формиран само два дена по 4 ноември, денот на ослободувањето на Битола, односно на 6 ноември 1944 година.
КУД „Стив Наумов“ од Битола оваа година слави импресивни 80 години. По повод јубилејот, денес во 18:00 часот во НУ Народен Театар-Битола, ќе се одржи свечена академија.
Генерации битолчани, од кои многумина денес имаат успешни музички кариери, ги направија првите чекори токму тука. Со мандолинскиот оркестар и хорското пеење, „Стив Наумов“ носи музика и гордост низ целиот свет. Дојдете и бидете дел од ова патување низ историјата, љубовта кон музиката и богатото културно наследство!
The post Свечена академија по повод 80 години постоење на КУД „Стив Наумов“ од Битола appeared first on ekran.