Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИ Кралицата Камила се разболе и ги откажа планираните активности

Кралицата Камила се разболе и ги откажа планираните активности

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Кралицата Камила, сопруга на британскиот крал Чарлс Трети, морала да ги откаже планираните активности и ангажмани за оваа недела поради респираторна инфекција, објави Бакингемската палата.

77-годишната Камила се опоравува во својот дом, но не се откриени детали за нејзината болест, како што е вообичаено кога станува збор за болеста на членовите на кралското семејство.

„Нејзиното височество во моментов не се чувствува добро поради респираторна инфекција, за која лекарите советуваа краток период на одмор и мирување“, изјави портпаролот на палатата.

„Со големо жалење Нејзиното Височество мораше да се повлече од ангажманот оваа недела, но таа искрено се надева дека ќе закрепне на време за да присуствува на прославата на Денот на сеќавањето овој викенд“, додаде портпаролот.

Текстот Кралицата Камила се разболе и ги откажа планираните активности е превземен од МАКФАКС.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro