Почеток МАКЕДОНИЈА Шверцувал гориво од Македонија во Србија: Уапсен директор на фирма од Белград

Шверцувал гориво од Македонија во Србија: Уапсен директор на фирма од Белград

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Лицето Ј.Б од Србија (52) е уапсено под сомнение дека шверцувал гориво од Македонија во Србија, информираат од српското МВР.

„Припадниците на МВР и Управата за криминална полиција, по наредба на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, во продолжение на акцијата за сузбивање на шверц на нафтени деривати, го уапсија Ј.Б. 1972) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело криумчарење“, стои во соопштението.

Како што пренесуваат српските медиуми, тој е осомничен дека како де факто одговорно лице на деловна фирма од Земун, со помош на возачи кои претходно биле кривично гонети, организирал испорака на дизел гориво со цистерни од Република Македонија во Република Србија минатата година , каде што дизел горивото не било царинето на Граничниот премин Прешево, туку било прикажано дека е во транзит.

Потоа, како што се сомнева, на излез од Србија на граничниот премин Батровци покажал дека наводно биле полни цистерните на излезот, иако претходно продавал дизел гориво на територијата на Србија во вкупна количина од 98.980 килограми, чија вредност е 10.821.586 српски динари.

Осомничениот со кривична пријава ќе биде изведен до надлежното обвинителство, појаснуваат од српската полиција.

The post Шверцувал гориво од Македонија во Србија: Уапсен директор на фирма од Белград appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro