Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава Вработените во образованието ќе добијат повисока октомвриска плата за 5 %

Вработените во образованието ќе добијат повисока октомвриска плата за 5 %

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека покачувањето ќе започне со октомвриската плата, за сите вработени во основното и во средното образование. Но, тоа нема да биде сè. Тој најави дека веќе во април 2027 година овие вработени ќе добијат ново покачување од 7 или 10 проценти, почнувајќи со мартовската плата, а следната 2028 година ќе има ново зголемување на мартовската плата од 10 до 12 проценти

 

Од овој месец платите на вработените во образованието ќе бидат повисоки за 5 проценти. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека покачувањето ќе започне со октомвриската плата, за сите вработени во основното и во средното образование.

Но, тоа нема да биде сè. Тој најави дека веќе во април 2027 година овие вработени ќе добијат ново покачување од 7 или 10 проценти, почнувајќи со мартовската плата, а следната 2028 година ќе има ново зголемување на мартовската плата од 10 до 12 проценти.

– Така што, минимум во овој временски период, просечната платата во образованието ќе биде зголемена за 46 проценти, а максимум до 60 отсто и мислиме дека навистина ќе дојдеме до едно пристојно ниво – рече Мицкоски по посетата на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.

Тој смета дека не е доволно, но дека било во рамките на можностите.

– Бидејќи во моментот ако просечната плата во државата е повеќе од 41 илјада денари, во образованието е 9 илјади денари помалку, околу 32 илјади денари – додаде Мицкоски.

Прашан за парите од унгарскиот кредит, наменети за кредитирање на домашните приватни компании, Мицкоски рече дека уште се преговара со комерцијалните банки.

– Домашните компании ќе ги добијат парите од унгарскиот заем (250 милиони евра) под истите услови под кои беа земени. Парите се веќе стигнати и се на сметката на Народната банка. Сè уште се преговара со комерцијалните банки околу делот на тоа каква би била обврската на државата кон нив. Очекувам сите заедно да направиме нешто за државата и за економијата – истакна премиерот.

Во однос на општините, премиерот очекува до 15 ноември да се потпишат договорите, а со новиот повик во февруари-март да има уште неколку милијарди инвестиции за патната инфраструктура.

Македонската ИКТ-индустрија лани извезла над половина милијарда евра

Македонската ИКТ-индустрија лани извезла над половина милијарда евра. Тоа, според премиерот Христијан Мицкоски, е импресивна сума, која продолжува да расте и додава вредност на домашната економија.

– Голем дел од овие вработени што работат во ИКТ- индустријата, а се повеќе од 20.000, се луѓе што  останеле тука, дома, во Македонија и оттука се борат не само за своето семејство и за својата егзистенција туку и за својата татковина, и од мене имаат огромна почит. Секогаш ќе имаат приоритет во политиките на оваа Влада, која сака да ги привлече младите и оние што ја напуштија – да се вратат назад. Оттука заедно да се бориме да направиме нешто за татковината и мислам дека Македонија го заслужува тоа – истакна Мицкоски на средбата во Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.

Истакна дека дигитализацијата на општеството се огледува преку Министерството за дигитална трансформација, кое за неколку месеци направи големи чекори напред.

– Очекувам така да се продолжи и во иднина. Не е доволно. Очекувам информатичката култура во државата да се зголемува, да биде што подостапна и да има што повеќе корисници, барем да го стигнеме европскиот просек, бидејќи сега сме под тој европски просек. Јас, како инженер, лично го стимулирам тоа и ќе го поддржувам, тука не треба да имаме никаква дилема – дециден беше Мицкоски.

До Нова година ќе се потпише договор за гасниот интерконектор со Грција

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека до Нова година ќе се потпише договор за гасниот интерконектор со Грција.

– До 20 ноември завршува тендерирањето за гасниот интерконектор со Грција. Очекувам до Нова година да се потпише договор и тој интерконектор да се заврши, и веќе да работиме на северниот интерконектор со Србија – рече Мицкоски.

Во однос на општините, премиерот очекува до 15 ноември да се потпишат договорите, а со новиот повик во фервуари-март да има уште неколку милијарди инвестиции за патната инфраструктура.

(С.Бл.)

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro