Почеток БАЛКАН Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Вршителот на должноста директор на Клиничкиот центар на Војводина, Весна Туркулов, утрово изјави дека состојбата на тројцата тешко повредени во уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември се уште е непроменета.

Седми ден од борбата за живот, состојбата се уште е непроменета. Тие се уште витално загрозени, секој ден контролираме, секој ден Советот се состанува неколку пати во текот на денот“, изјави Туркулов.

Туркулов додаде дека внимателно се следи нивната здравствена состојба, се прават дополнителни наоди, лабораториска дијагностика и вака се одлучуваат понатамошните чекори.

Текстот Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro