Почеток СПОРТ Франција без Пранди на СП

Франција без Пранди на СП

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Француската ракометна репрезентација ќе биде без услугите на Елохим Пранди на престојното Светско првенство во јануари, поради повреда. Францускиот репрезентативец се повреди на мечот помеѓу Франција и Шведска, кога го измести левото рамо.

Беше принуден да го напушти мечот, а дополнителните прегледи открија дислокација на левото рамо. Неговиот клуб отсуството го проценува на неколку месеци.

Со оглед дека имаше одличен старт на сезоната за ПСЖ и во првенството и во Лигата на шампионите, за Франција ова е голем хендикеп. Веќе е извесно дека нема да игра на Мундијалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro