Почеток МАКЕДОНИЈА Раководство на ТОАРИЛУЦ “ги чешла” листите за хируршки интервенции за пациентите кои подолг период чекаат -со посебен план и димамика со цел обезбедување на оваа здравствена услуга ќе бидат контактирани од тим од Клиниката

Раководство на ТОАРИЛУЦ “ги чешла” листите за хируршки интервенции за пациентите кои подолг период чекаат -со посебен план и димамика со цел обезбедување на оваа здравствена услуга ќе бидат контактирани од тим од Клиниката

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Раководство на ЈЗУ Универзитетска клиника за ТОАРИЛУЦ, предводено од проф.д-р Марија Јовановски-Срцева даде налог за проверка на сите листи за хируршки интервенции во рамки на оваа установа.

По увид и анализа во листите за хируршки интервенции, од страна на тимот од Клиниката преку соодветен план и динамика ќе бидат контактирани пациентите, со посебен акцент на оние кои подолг период, односно повеќе од една или две години чекаат за да ја добијат оваа здравствена услуга.

-Овој проблем изминатиот период беше мапиран како еден од најгорливите проблеми со кои се соочуваат пациентите и за таа цел тим од Клиниката ќе ги контактира пациентите кои подолг временски период, односно повеќе од една или две години чекаат за хируршка интервенција.
Ќе биде изготвен план и динамика во рамки на ресусите со кои располага Клиниката за обезбедување на оваа здравствена услуга кај пациентите кои подолг период биле оневозможени да ја добијат оваа здравствена услуга, вели д-р Марија Јовановски-Срцева.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro