На 23-годишен битолчанец определена му е мерка притвор, бидејќи се сомничи за две кривични дела – полов напад и силување, информираат од Основното јавно обвинителство Битола од каде додаваат дека за лицето веќе има поведено постапка.
Битолчанецот, во два наврати полово нападнал две млади девојки. Првиот случај бил на 9 септември, а вториот на 7 ноември годинава. Во двата случаи битолчанецот полово ги нападнал девојките и започнал да ги допира. Жртвите, додаваат од Обвинителството, и во двата случаи успеале самите да го оттурнат и да се ослободат. По ова осомничениот бегал од местото на нападот.
Од Обвинителството велат дека мерката притвор е побарана поради постоење околности осомничениот да ги повтори нападите доколку остане на слобода.