Почеток Црна Хроника Полициски началник ја злоупотребил службената положба за да избегне патарина: Ако може секој македонски граѓанин да плаќа патарина, мора да плаќа и вработен во МВР, реагира Тошковски

Полициски началник ја злоупотребил службената положба за да избегне патарина: Ако може секој македонски граѓанин да плаќа патарина, мора да плаќа и вработен во МВР, реагира Тошковски

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Ја покажувал легитимацијата и не плаќал патарина. 45 годишен полициски началник од Кочани доби кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување. Пријавениот на 11.07.2024 во неколку наврати со неговото приватно возило ги поминал наплатните станици Кадрифаково и Преод без да плати патарина.

45-годишниот началник во МВР, Александар Максимов од Кочани, во јули годинава повеќе пати со приватна кола поминувал на Кадрифаково и Преод без да плати патарина, покажувајќи ја само службената легитимација. Со кривичната пријава која му ја поднесе МВР, има и видео материјал како Максимов си ја злоупотребил служената положба.Министерот Тошковски порачува дека вавкво однесување повеќе нема да се толерира.

„Срамно, постапките да се злоупотреби службена положба и овластување на ваков начин се навистина срамни. Ако може еден столар да плаќа патарина, ако може жена која што работи во било која приватна установа да плаќа патарина, ако може кој било македонски граѓанин да плаќа патарина, мора да плаќа и секој еден вработен во МВР. И не го ценам ова, во насока еве сега ако неможеш по самарот удри по магарето, туку на ваков начин мора да покажеме пример дека секој еден од нас мора да почитува закони, а тоа е да плаќа патарини одговори министерот Панче Тошковски.

Ако еден столар може да плаќа патарина, тогаш може и секој вработен во МВР, реагира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Покрај кривична пријава, од МВР најавуваат дека ќе се поведе и дисциплинска постапка, а во меѓувреме полицискиот службеник ќе биде отстранет од работното место до завршување на постапката.

Пред еден месец, пак, 6 вработени на патарината Романовце кај Куманово пропуштале приватни возила на 12 полицајци. 959 пати оваа година на полицајците им се кревала рампата без да платат..Министерството за внатрешни работи побара од обвинителството вработените кои ја искористиле својата службена положба за истото дело кривично да одговараат.

The post Полициски началник ја злоупотребил службената положба за да избегне патарина: Ако може секој македонски граѓанин да плаќа патарина, мора да плаќа и вработен во МВР, реагира Тошковски appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro