Почеток Љутков ќе го советуваат и Ганка Цветанова, Сузана Спасовска и Игор Дурловски

Љутков ќе го советуваат и Ганка Цветанова, Сузана Спасовска и Игор Дурловски

еМагазин
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Познати се сите членови на Советот за култура, стручно и советодавно тело на министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Дел од него се проф. д-р Ганка Цветанова, поранешна министерка за култура, проф. академик Вера Битракова Грозданова, проф. Атила Клинче, проф. Андријана Јаневска, оперскиот првенец Игор Дурловски, проф. Рефет Абази, проф. д-р Јован Донев, м-р Дејан Пројковски, проф. Антони Мазневски, Сузана Спасовска – пејач солист првенец, режисерот Сашко Мицевски и писателот Блаже Миневски.

Членовите на Советот се бираат од редот на истакнати уметници, стручни лица од областа на културата и лица од јавниот и општествениот живот.

Според Законот за култура, улогата на Советот е да му дава мислења на министерот за култура во врска со прашања од неговата законска надлежност.

Вчера беше одржана првата конститутивна седница на Советот, информираа од Министерството.

Фото: Министерство за култура и туризам

The post Љутков ќе го советуваат и Ганка Цветанова, Сузана Спасовска и Игор Дурловски appeared first on еМагазин.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro