4
46-годишен маж од Лесковац е исклучен од сообраќај кога било утврдено дека имал дури 4,05 промили алкохол во телото додека седел зад воланот на „пежо“.
Од полицијата во Лесковац наведуваат дека со тестирање му го утврдиле нивото на алкохол во крвта и затоа го исклучиле 46-годишникот од сообраќај, пренесуваат „Јужне вести“.
Возачот бил приведен и против него ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава.
The post Маж од Лесковац возел со 4,05 промили алкохол во крвта appeared first on Република.