Почеток СВЕТ Судска битка за Трамп: Дали ќе се отфрли осудата за фалсификување документи?

Судска битка за Трамп: Дали ќе се отфрли осудата за фалсификување документи?

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Суд во Њујорк следната недела ќе одлучи дали ќе ја отфрли осудителната пресудата против новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во случајот за фалсификување деловни документи, поврзани со аферата со порно актерката Сторми Даниелс.

Судијата на Окружниот суд на Менхетен, Хуан Меркан, следната недела ќе одлучи дали ќе го прифати барањето на Трамп, кое тој го поднесе пред изборите, за отфрлање на пресудата.

Во мај, поротата во Њујорк го прогласи Трамп за виновен за фалсификување деловни досиеја, што произлегува од обидот на Трамп да ги прикрие надоместоците на неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен, кој и плати на Сторми Даниелс во 2016 година да молчи за наводната сексуална врска со Трамп.

Адвокатите на Трамп тврдат дека неодамнешната одлука на Врховниот суд на САД со која на претседателите им се доделува одреден степен на имунитет од гонење се однесува на одредени аспекти на случајот, и затоа обвинението и пресудата треба да бидат отфрлени.

Обвинителството наведува дека Трамп со фалсификувањето на овие документи всушност сакал да го прикрие влијанието врз изборната кампања во 2016 година, односно да ја намали штетата што би била предизвикана од обелоденувањето на наводните афери. За време на судењето, судијата Меркан не ги прифати аргументите на адвокатите на Трамп дека случајот треба да биде отфрлен врз основа на неговиот претседателски имунитет.

The post Судска битка за Трамп: Дали ќе се отфрли осудата за фалсификување документи? appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro