Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп би можел да се обиде да преговара со рускиот претседател Владимир Путин за да се стави крај на војната против Украина, но таквиот договор веројатно нема да биде во најдобар интерес на Европа или Украина, изјави чешкиот претседател Петр Павел.
„Ваков договор најверојатно нема да биде во наш (европски) интерес, ниту во интерес на Украина. Затоа што на Русија едноставно и дава дел од окупираните територии, со порака до Украина дека нема да стане членка на НАТО за најмалку 20 години“, рече Павел на отворањето на прашкиот самит за одбрана ИИСС, пренесе порталот РБК Украина.
The post Павел: Трамп би можел да се договори со Путин, тоа не е во интерес на Европа appeared first on Локално.