Почеток СВЕТ „Крим веќе го нема“: Зеленски загуби

„Крим веќе го нема“: Зеленски загуби

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Висок советник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека новата администрација ќе се фокусира на постигнување мир во Украина, а не на овозможување на Украинците да ја вратат територијата окупирана од Русија.

Брајан Ланза, стратег на Републиканската партија, изјави за Би-Би-Си дека администрацијата на Трамп ќе побара од украинскиот претседател Володимир Зеленски неговата верзија за „реална визија за мир“.

„И ако претседателот Зеленски дојде на маса и рече: „Можеме да имаме мир само ако го имаме Крим“, ни покажува дека не е сериозен. Крим го нема“, рече Ланза.

Русија го анектираше полуостровот Крим во 2014 година. Осум години подоцна, таа започна инвазија на Украина и окупираше територија на истокот на земјата. Новоизбраниот американски претседател постојано вели дека негов приоритет е да се стави крај на војната и да се запре она што тој го опишува како трошење на американските ресурси, во форма на воена помош за Украина.

„Наш приоритет е мирот и запирање на убиствата“

Како и да е, останува да се види како мисли тоа да го направи и веројатно ќе слушне различни визии за иднината на Украина од разни советници. Ланка, политички советник на Трамп од неговата кампања во 2016 година, не ги спомна областите на источна Украина, но рече дека враќањето на Крим е нереално и не цел на Соединетите Држави.

„Кога Зеленски вели дека ќе има мир само кога ќе се врати Крим, имаме вести за претседателот Зеленски: Крим го нема. И ако вашиот приоритет е да го вратите Крим и американските војници да се борат за враќање на Крим, вие сте препуштени сами на себе“, нагласи тој.

Соединетите Држави сè уште не распоредиле американски војници да се борат во Украина. Киев не побара американските сили да се борат во негово име, туку исклучиво американска воена помош за вооружување на сопствените војници.

Ланза истакна дека има голема почит кон украинскиот народ, опишувајќи ги како луѓе со лавовско срце. Но, тој додаде дека приоритет на САД е „мирот и запирање на убиствата“. „Она што ќе и кажеме на Украина е: „Што гледате како реална визија за мир? Тоа не е визија за победа, туку визија за мир и да почнеме со искрен разговор“, рече тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro