Почеток ЕКОНОМИЈА Стив Џобс купувл ист автомобил на секои шест месеци, еве зошто

Стив Џобс купувл ист автомобил на секои шест месеци, еве зошто

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Основачот на Apple, Стив Џобс, купувал црн кабриолет Porsche 911 на секои шест месеци со децении.

Луѓето околу него мислеа дека менува автомобил секогаш кога ќе се појави гребнатинка на каросеријата, но работите биле поинакви.

Причината за тоа е што Џобс ги мразел регистарските таблички, а Калифорнија во тоа време им дозволувала на возачите да не користат таблички во првите шест месеци од сопственоста. Џобс склучил договор да изнајмува нов автомобил на секои 180 дена, па затоа не морал да става регистарска табличка.

Џон Калас, експерт за компјутерска безбедност и софтверски инженер за Apple, ја потврди приказната во интервју за ITWire уште во 2011 година, само неколку месеци пред да почине Џобс.

Тогаш се шпекулираше дека Стив Џобс склучил договор со Одделот за моторни возила (DMV) за да добие баркод на неговиот автомобил наместо регистарска табличка, иако таква приказна никогаш не е потврдена.

Подоцна, Џобс се префрли од Porsche 911 на Mercedes-Benz SL55 AMG и го направи истото – менуваше автомобили на секои шест месеци, секогаш купувајќи го истиот модел во потполно иста боја само за да вози без таблички.

The post Стив Џобс купувл ист автомобил на секои шест месеци, еве зошто appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro