„Денеска во салата на Општина Неготино, градоначалникот Горан Стојанов, на 30 родители кои во изминатиот период добија принова во семејството им додели вредносни ваучери од по 7.000 денари како еднократна парична поддршка за нивните новороденчиња“, соопштија од Општината.
Средствата во висина од 210.000 денари се обезбедени од буџетот на Општина Неготино.
„ Инаку, во изминатиот едногодишен период доделивме вкупно 125 ваучери за новородени деца, за што од општинскиот буџет се издвоени 875.000 денари“, велат од Општината.
The post Општина Неготино додели еднократни ваучери од по 7.000 денари на 30 семејства со новороденчиња appeared first on Локално.