Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИ ЦУКЕРБЕРГ ЈА ОТКРИ ТАЈНАТА: Сите поминуваат повеќе време на Инстаграм и Фејсбук – еве зоштo

ЦУКЕРБЕРГ ЈА ОТКРИ ТАЈНАТА: Сите поминуваат повеќе време на Инстаграм и Фејсбук – еве зоштo

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Компанијата Мета изгледа успеа да најде начин дополнително да го задржи вниманието на корисниците на Facebook и Instagram, а тоа е алгоритам базиран на – вештачка интелигенција.

Откако беше воведен алгоритмот, времето кое корисниците го поминуваат на овие социјални мрежи значително се зголеми, се пофали компанијата на Цукерберг минатата недела. Имено, времето кое корисниците го поминуваат на Фејсбук се зголемило за околу осум отсто, додека тој процент за Инстаграм е помал, но сепак значителен – шест отсто.

Челниците на Мета ги споменаа само процентите, а не и зголемувањето на реалното време што сега корисниците го поминуваат на тие мрежи. Според предвидувањата на експертите од eMarkter, тоа зголемување би можело да изнесува 10 до 15 часа повеќе во текот на една година, пренесува The Independent.

Цукерберг има повеќе планови за својата социјална мрежа и вештачката интелигенција, па минатата недела при објавувањето на кварталните резултати најави дека се надева дека ќе додаде категорија на содржини на Фејсбук и Инстаграм која целосно ќе биде генерирана од вештачката интелигенција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro