Почеток МАКЕДОНИЈАВо тек е акција на ДЗС и МВР за извлекување на повреден планинар на Пелистер

Во тек е акција на ДЗС и МВР за извлекување на повреден планинар на Пелистер

360 Степени
0 коментари
A+A-
Ресетирај

„Припадници (на тимот) во моментов се движат кон местото каде што се наоѓа повредениот планинар, а кое е оддалечено неколку часа од последната позиција до која може да се стигне со возило, со цел да го имобилизираат, подготват и пренесат до отворено место“, вели директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов

Екипи на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и на Министерството за внатрешни работи (МВР) преземаат заедничка акција за извлекување на планинар кој утрово, при совладување на тежок терен на планината Пелистер, ја скршил ногата и не може да се движи.  

Планината Пелистер, фотографирана од Пелагонија / Фото: Википедија

Информацијата ја соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој вели дека по добиената пријава веднаш бил мобилизиран тимот за спасување на планина.  

Повредениот планинар, вели тој, се наоѓа на тешко пристапен терен, каде во моментов е упатен спасувачкиот тим.  



„Припадници (на тимот) во моментов се движат кон местото каде што се наоѓа повредениот планинар, а кое е оддалечено неколку часа од последната позиција до која може да се стигне со возило, со цел да го имобилизираат, подготват и пренесат до отворено место“,

вели директорот на ДЗС.  

Потоа, како што додава тој, повредениот планинар ќе биде преземен од полициски хеликоптер со помош на втило со кое ќе ракуваат припадници на специјалната полициска единица „Тигар“. 



360stepeni.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остави коментар