Почеток КУЛТУРАСценаВИДЕО: Откриено кое е новото момче на Џесика Алба, фатена е со 12 години помлад актер

ВИДЕО: Откриено кое е новото момче на Џесика Алба, фатена е со 12 години помлад актер

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

По разводот, американската актерка Џесика Алба беше снимена како се качува на лет од Канкун, Мексико до Лос Анџелес со „мистериозен“ маж, а американските медиуми сега го објавија неговиот идентитет.

Според TMZ, станува збор за актерот Дени Рамирез, познат по филмот „Капетан Америка: Храбар нов свет“. Тој глумеше и во филмот „Топ Ган: Маверик“ и серијата „Последниот од нас“.

Гласините дека двајцата се заедно почнаа да се шират во мај оваа година, кога беа фотографирани како шетаат низ Лондон. Сепак, дури сега е откриено кој е тој.

@tmz Looks like #JessicaAlba’s love life is taking off again — ’cause she was caught jet setting with a mystery man amid her divorce from #CashWarren! 🏄‍♂️🍹☀️ #Exclusive ♬ original sound – TMZ

Алба откри овој февруари дека се разведува од Кеш Ворен по 17 години брак.

„Секогаш ќе бидеме семејство. Децата се наш приоритет“, напиша таа.

Тие ги имаат ќерките Онор и Хејвен и синот Хејс. Актерката претходно отворено зборуваше за проблемите во нејзиниот брак и призна дека живееле како да се цимери, а не брачна двојка.

По разводот, тие останаа во добри односи. Тие побараа заедничко старателство над децата.

Можно е и ова да ти се допаѓа