Почеток БАЛКАНЕвакуација на хотел и камп поради голем пожар на хрватскиот остров Брач

Евакуација на хотел и камп поради голем пожар на хрватскиот остров Брач

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Голем пожар избувна утрово во близина на селото Бол на хрватскиот остров Брач, што доведе до евакуација на еден хотел и еден камп, соопшти Хрватската радио-телевизија (ХРТ).

Пожарот, кој избувнал околу 3 часот наутро во борова шума, бил разгорен од силен ветер, што овозможил огнот да се приближи опасно близу до повеќе објекти, вклучувајќи приватни и туристички капацитети.

– Успеавме да евакуираме еден хотел и еден камп без сериозни последици, изјави Никола Мартиновиќ, командир на оперативниот регион Брач.

На терен се ангажирани 56 пожарникари со 22 противпожарни возила од регионот, како и противпожарен авион „Канадер“. Според Мартиновиќ, пожарот е ставен под контрола, но силната бура сè уште создава предизвици за пожарникарите. Тој додаде дека екипите ќе продолжат со гаснењето на пожарот во текот на денот, а веројатно и во текот на ноќта.

Можно е и ова да ти се допаѓа