Меланија Трамп предизвикала хаос на социјалните мрежи откако објавила извадок од своите мемоари, во кој ја опишува својата прва средба со Доналд.
Првата дама на Америка, Меланија Трамп, предизвикала хаос на социјалните мрежи откако објавила извадок од своите мемоари на својот X профил, во кој ја опишува својата прва средба со Доналд Трамп. Најавата ја придружила со фотографија од страница од книгата.
Во пасусот, Меланија се сеќава на една вечер за време на Неделата на модата во Њујорк во 1998 година, кога, на наговор од пријателка, отишла во популарниот клуб „Кит Кет“. Иако уморна и штотуку пристигнала од Париз, таа решила да ја прифати поканата бидејќи сакала да ја помине вечерта во друштво на пријатели.
#1 New York Times Bestseller, “Melania” ||
How I Met Donald Trump https://t.co/xIfkkmL4YC pic.twitter.com/ioDucDuo9A— MELANIA TRUMP (@MELANIATRUMP) July 18, 2025
„Секогаш го избирав друштвото“
„Секогаш сум била селективна во однос на тоа каде го поминувам времето и каде ја насочувам мојата енергија. Клуб доцна во ноќта не ми беше прв избор за сабота навечер. Претпочитав да останам дома, да гледам филм или да излезам на вечера со блиски пријатели. Сепак, ја прифатив поканата – беше Недела на модата, време на гламур и софистицираност“.
„По пристигнувањето во клубот, атмосферата беше бучна и блескава, исполнета со модели, фотографи, дизајнери и познати личности. Во ВИП просторијата, додека седела на маса со пријателите, некој ѝ мавнал.
Прв и пришол и ја шармирал
„Кога се свртев, забележав маж и привлечна русокоса како ни се приближуваат. „Здраво, јас сум Доналд Трамп“, рече тој додека стигна до мојата маса. „Драго ми е“, одговорив. Го препознав името, знаев дека е бизнисмен или позната личност, но ништо повеќе.“
Incredible story! pic.twitter.com/zHRA8YRaOp
— Brittany Rae (@legitbrittFLA) July 18, 2025
Во своите мемоари, Меланија опишува како Трамп ја шармирал на прв поглед.
„Неговите очи беа исполнети со љубопитност и интерес. Седна до мене и започна разговор. Ме праша за мојот живот во Њујорк, мојата родна земја Словенија и моите патувања низ светот. Тоа беше момент на поврзување, кратка средба што остави траен впечаток“.
„Се чинеше дека сум во центарот на неговиот свет“
Иако беше со друга жена, Меланија пишува дека била привлечена од неговата харизма и фокус.
„Од првиот момент на нашиот разговор, бев воодушевена од неговиот шарм и опуштена природа. Иако имаше толку многу активности и луѓе околу нас, се чувствував како да сум во центарот на неговиот свет. Тоа беше вистинско олеснување од површните разговори што често ги водиме и почувствував силна привлечност кон неговата магнетна енергија“.
Мемоарите постигнале голем успех
Инаку, мемоарите на Меланија Трамп, едноставно насловени „Меланија“, беа објавени на 8 октомври 2024 година од американската издавачка куќа Skyhorse Publishing. Книгата постигна голем успех веднаш по објавувањето – го зазеде првото место на листите на бестселери на Amazon и New York Times, а беше високо рангирана и од други големи синџири книжарници како што е Barnes & Noble.
Ја прашале дали е со Трамп само поради богатството
Да потсетиме, интервјуто на Меланија Трамп од 1999 година, во кое таа реагираше на непријатните обвинувања што кружеа кога започнала врска со Доналд Трамп, неодамна почна да циркулира на интернет. Тогаш 28-годишната манекенка била во врска со тогаш 52-годишниот Доналд, а нивната разлика во години предизвикала сомнежи и шпекулации за мотивите на Меланија да биде со него на прво место.
Во разговор за ABC News кратко откако двајцата станале јавен пар, новинарот Дон Далер ја прашал Меланија дали е во врска со Доналд поради неговото богатство.
„Знаете, овие луѓе… Тие не ме познаваат“, рекла Меланија. „Луѓето кои го велат тоа, тие едноставно не ме познаваат“.
Новинарот одговорил: „Па, не често гледате 26-годишна манекенка со 53-годишен автомеханичар“, на што таа рекла: „Знаете што, не можете да спиете со убави работи, да ги прегрнете или да разговарате со убави работи – убав стан, убав авион, убави автомобили, убави куќи – не можете да го направите тоа. Може да се чувствувате многу празно. И ако некој каже: ‘Ти си со овој човек затоа што е богат и славен’, тој не ме познава“.
Во истото интервју, Меланија била прашана дали се гледа себеси како прва дама во иднина.
„Да, би била многу традиционална, како Џеки Кенеди. Би го поддржувала, би извршувала многу општествени должности“, одговорила таа, заклучувајќи: „Би го поддржала мојот маж“.
Фото: Принтскрин/X
The post (ВИДЕО+ФОТО) Меланија Трамп предизвикала хаос: „Секогаш го бирав друштвото“ appeared first on ekran.