Почеток (ФОТО) Андреј Ѓурчиновски (15) освои бронзен медал на Европското првенство во билјард за млади

(ФОТО) Андреј Ѓурчиновски (15) освои бронзен медал на Европското првенство во билјард за млади

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Неверојатно убаво чувство е да се биде денес Македонец во Подчетртек, Словенија, на Европското првенство во билјард за млади.
Се отвори и уште една врата, таа најбитната, таа најтешката, таа која изгледаше многу недостижна пред неколку години, но најпреспективната, таа која дава светлина за следните генерации. Андреј Ѓурчиновски, 15 годишно момче, член на БСК Гранклуб, играч кој пред 5години, го прифати предизвикот, на посветеност, спортски пристап и секојдневни и повеќечасновни тренинзи, со правилна техничка надоградба и надзор, со безброј турнири. На почетокот по некој порази, но во последно време скоро се поретко, во Националното првенство, во Балканското, Евротур, како и денес на веќе Четвртиот за него настап на Европско првенство. И после секој пораз и победа само со поголем мотив и жед за една цел. Цел која сите ние во билјардните спортови ја поставивме пред 6 години, а еве денес Андреј ја реализира. Македонија, после Влатко, во категоријата на лица со хендикеп, се радува на прв медал во било кој билјарден спорт во јуниорска категорија на континентален собир. Андреј денес, во категорија “10ка” и во неверојатно квалитетна конкуренција на повеќе од 70 натпреварувачи од скоро сите европски земји успеа да освои бронзен медал. Докажа дека единствено со љубов кон спортот и својата татковина, со жртвата и надминување на препеките, нема недостижни цели.
Млади, тренирајте снукер, билјард, било кој спорт, сонот на Андреј може да биде и ваш реализиран сон. Родители, Федерации, Министерство, компании… подржувајте на прав начин, нема повеќе традиционални спортски нации, нема лесни спортови, нема случајни резултати.
Снукер федерацијата и целата заедница од срце ти честита тебе, како и на твојата најголема подршка, фамилијата, на клубот и твојот тренерски тим, на раководството на Билјард федерацијата, на твоите спаринг партнери, и на сите натпреварувачи во Македонија кои се радуваат денес, и ти посакува успех во иднина. Сега само небото е твоја граница

Фото: Принтскрин/Facebook

The post (ФОТО) Андреј Ѓурчиновски (15) освои бронзен медал на Европското првенство во билјард за млади appeared first on ekran.