Еден од автомобилите со најдобар звук што се појавија на овогодинешниот Фестивал на брзината во Гудвуд беше Lamborghini Sesto Elemento. Ултра реткиот хиперавтомобил подготвен за патека во моментов е единствениот примерок што е легален за возење на патишта.
Sesto Elemento е наменет за употреба на патека, но мајсторите во Lanzante модифицираа еден за да го направат легален за возење на патишта. Токму тоа го покажа автомобилот на Фестивалот на брзината во Гудвуд, ослободувајќи ја моќта и бруталниот звук на својот V10 мотор.
Како што знаете, Sesto Elemento прв пат се појави во 2011 година и беше еден од најимпресивните автомобили таа година. Неговото име се однесува на јаглеродот, шестиот елемент во Периодниот систем, бидејќи е направен речиси целосно од јаглеродни влакна. Употребата на овој материјал му овозможи на Lamborghini да ја ограничи тежината на ова ѕверче со V10 мотор и погон на сите четири тркала на само 999 килограми.
Спецификациите за патеката се една од причините зошто хиперавтомобилот е толку лесен. Кога не е потребно да се исполнат посебни регулаторни прописи и да се извршат официјални тестови за судир, тежината може значително да се намали. Ограниченото производство и цената од околу 1,8 милиони евра значеа дека Lamborghini може да користи различни композити, вклучително и кован јаглерод.
Сепак, тоа не го спречи Lanzante да го направи легален за патишта, а како што стојат работите, нема да биде единствениот. Планот на Lanzante е да направи уште еден Sesto Elemento легален за патишта. Компанијата со седиште во Питерсфилд, Англија има искуство со слични конверзии, откако претходно ги направи Red Bull RB17 и Pagani Huayra R легални за патишта.
Претставниците на Lanzante изјавија за CarBuzz дека има помалку работа на моделот Sesto Elemento поради неговата возраст и платформа. Со оглед на фактот дека има 15 години, морал да ги исполни стандардите од таа ера. Во Lanzante, морале да се осигурат дека ги поминал тестовите за емисија, има соодветно осветлување и слично. Дури бил додаден и клима уред, како и систем за подигнување на „носот“ за автомобилот полесно да може да помине преку „лежечките полицајци“ и да ги совладува стрмните патишта.
Sesto Elemento е во голема мера базиран на Gallardo, вклучувајќи го и неговиот V10 мотор од 570 КС.