Почеток МАКЕДОНИЈАСе удави 49 годишник во Охридско Езеро

Се удави 49 годишник во Охридско Езеро

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Маж од селото Волино, општина Дебарца вчера се удави во водите на Охридското Езеро во близина на Струга, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, во 16 часот и 30 минути, во ОВР Струга е пријавено дека, во водите на Охридското Езеро на струшкото крајбрежје, е забележано безживотно машко тело.

– По преземени мерки и извршен увид, констатирано е дека се работи за K.И.(49) од селото Волино, општина Дебрца кај кого, екипа од Итната медицинска помош, констатирала смрт без траги на насилство – изјави портпаролот Стефан Димоски.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

Текстот Се удави 49 годишник во Охридско Езеро е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа