Почеток БАЛКАНЌе се менува изгледот на ЕВРОТО, конкурсот во тек

Ќе се менува изгледот на ЕВРОТО, конкурсот во тек

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Европската централна банка (ЕЦБ) планира да го смени изгледот на евробанкотите. Веќе е објавен и јавен конкурс на кој можат да конкурираат графички дизајнери со живеалиште во Европската Унија. Рокот за доставување дизајни е до 18 август.

Според одлуката на Управниот совет за конечниот дизајн се очекува да биде готов до крајот на 2026 година, по што ќе се анкетираат граѓаните за понудените дизајни.

Новите банкноти ќе бидат подготвени за пуштање во оптек неколку години по оваа одлука и по процесот на производство.

Управниот совет на ЕЦБ веќе избра две можни теми за идните евро банкноти по консултации со експерти и јавноста. Тоа се: „Европска култура“, фокусирана на заеднички културни простори и важни Европејци; и „Реки и птици“, фокусирана на отпорноста и разновидноста на природните екосистеми на Европа. Во јануари Управниот совет, исто така, избра мотиви за да ги илустрира двете можни теми.

Можно е и ова да ти се допаѓа