100
Руските војници ја презедоа контролата врз селото Белаја Гора во самопрогласената Донечка Народна Република поддржана од Русија во источниот дел од регионот Донецк во Украина во текот на изминатите 24 часа, објавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение од Министерството за одбрана во Москва.
-Како резултат на успешните офанзивни акции, единиците на Јужната група на сили на Русија го ослободија селото Белаја Гора во Донечката Народна Република, се вели во соопштението на руското Министерство.
