1
Уште една позитивна вест за македонската машка кошаркарска репрезентација. Адем Мекиќ од денеска му се стави на располагање на селекторот Марјан Илиевски.
Мекиќ ги „помина“ лекарските прегледи во клиниката „Жан Митрев“ во Скопје, па допатува во Гевгелија, во тренажниот процес на „црвено-жолтите“. Контролните натпревари со Швајцарија ќе се играат 25 и 26 јули.
Репрезентацијата ќе остане во Гевгелија се до преселбата во Куманово каде ќе се играат натпреварите. Првиот е закажан за 2 август против Романија.