Почеток СПОРТОстанати спортовиМаџунков: Со нетрпение чекам да го почувствувам духот на екипата

Маџунков: Со нетрпение чекам да го почувствувам духот на екипата

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Машката репрезентација во Маврово ги започна подготовките за евро-квалификациските дуели со Грција и Грузија следниот месец за пласман на ЕуроВолеј 2026. Со репрезентацијата одново е средниот блокер Филип Маџунков, кој по подолга пауза и санација на проблемите со колената, комплетно се враќа во тренажен и натпреварувачки процес.

Позитивно расположен и нетрпелив да се приклучи на тимот, тој се појави во хотелот „Спорт“ во Маврово.

„Се чувствувам одлично, по поголема пауза, ако ја сметам и првата операција. Се мина во најдобар ред, рехабилитацијата трае уште и верувам дека овие десетдневни подготовки во Маврово ќе ми користат за што побрзо да се вратам во потребната форма“, оптимист е Филип Маџунков.

Подготовките во Маврово ќе бидат надоградени со пријателски дуели со Бугарија во Софија, како и со настап на Меморијалот „Чајка“ во Скопје против Бугарија и Швајцарија.

„Многу ми се потребни натпревари, немам играно цел натпревар со месеци и ми недостасува да сум на терен, да се борам за екипата и за  Македонија, и да го почувствувам духот на тимот. Мислам дека подготвителните дуели ќе ми бидат добро загревање пред официјалните натпревари. Имаме и добри противници – Бугарија и Швајцарија, против кои сигурен сум дека ќе има и добра одбојка.“

Можно е и ова да ти се допаѓа