Почеток МАКЕДОНИЈАГрадоначалникот на Бутел објави дека добил закани од поранешен припадник на УЧК: Емри, такви како тебе се еден куп, ама се бе на лаење останаа мајката

Градоначалникот на Бутел објави дека добил закани од поранешен припадник на УЧК: Емри, такви како тебе се еден куп, ама се бе на лаење останаа мајката

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

„На еден од последните мои постови некој Емри Сабедини напишал “Дома спреми се” па еве јавно да го прашам:

1. За што да се спремам !?

2. Тоа пушките на профилна си ги ставил да плашиш некој или чисто слики од младоста !?

Ако веќе се закануваш, ајде, еве ти прилика јавно да се искажеш појасно ! Или ќе се криеш ….

Известен е министер за внатрешни, пуштена е официјална пријава за закана. Чисто да те прашаат што си сакал да кажеш, зошто вака не си баш јасен.

Скоро да немаше ден од мојот мандат во првата година без слична закана. Некогаш и повеќе во денот ! Еве од сега решив јавно дa ги објавувам, вајда Емри ќе се охрабри и ќе биде појасен.

Емри, такви како тебе еден куп, ама се бе на лаење останаа мајката. Бандити, криминалци и страшила кај мене не поминуваат бе пријател. Те чекам“, напиша градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

The post Градоначалникот на Бутел објави дека добил закани од поранешен припадник на УЧК: Емри, такви како тебе се еден куп, ама се бе на лаење останаа мајката appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа