Денеска се навршуваат 27 години од прераното заминување на големиот македонски актер Ненад Стојановски.
Ненад Стојановски е роден во Скопје на 19 август 1952 година. Тој беше познат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Бил оженет со глумицата Силвија Стојановска и имале две ќерки Ана и Јана, кои денес се познати актерки во Македонија.
По членувањето во Детската радио-драма и во експерименталните аматерски драмски состави „Кактус“ и „Кај Св. Никита Голтарот“, а по завршувањето на Факултетот за драмски уметности, Ненад Стојановски настапувал на сцената на Драмскиот театар – Скопје, а гостувал и на повеќе други сцени.
Повеќе пати настапувал на Дубровничките и Сплитските летни игри, а учествувал и во повеќе проекти при Драмата на Македонскиот народен театар.
Добитник е на голем број високи сојузни и републички награди и признанија: две Стериини награди, највисокото општествено признание на Македонија, Наградата „11 Октомври“, Наградата на „Млад борец“, на ревијата „Екран“ за најпопуларно филмско и ТВ лице и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Во 1985 година е прогласен за глумец на годината според ревијата „Екран“, добитник е на Наградата на весникот „Дневник“ од Нови Сад, добитник на „Златен медал“ на Театарските свечености во Шабац, за улогата во претставата „Кула Вавилонска“.