Почеток КУЛТУРАСцена„Инсомнија“ -
нов сингл на Јане Славов

„Инсомнија“ -
нов сингл на Јане Славов

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Македонскиот пејач Јане Славов ја промовира својата нова песна насловена како „Инсомнија“, инаку авторско дело на Виктор Апостоловски, кој стои зад комплетната музичка, текстуална и визуелна реализација на проектот.

Станува збор за современа поп композиција со модерен аранжман и впечатлива вокална интерпретација, преку која Славов продолжува да го гради својот солистички правец на македонската музичка сцена.

Спотот за песната е снимен на неколку локации низ Македонија, а најмногу од кадрите се изработени во Битола. Песната е веќе достапна на сите дигитални платформи, а официјалното видео може да се погледне на YouTube.

Можно е и ова да ти се допаѓа