На хиподромот во Загреб во тек е рекорден концерт на Марко Перковиќ Томпсон.
Организаторот го објави вкупниот број посетители на концертот на Марко Перковиќ Томпсон.
Точно 504.000 посетители се регистрирани, според менаџерот на Марко Перковиќ Томпсон, Звонко Баришиќ.
Според проценките, на концертот се собрале помеѓу 400.000 и 450.000 луѓе.
Околу 6.500 полицајци се ангажирани за безбедноста, на терен има 200 медицински лица и организирани се 40 мобилни и 26 стационирани екипи. Во близина на Хиподромот, формиран е медицински центар со 200 кревети.
За безбедноста на концертот ангажирани се 5.000 обезбедувачи, распоредени на 520 влезови. Противпожарната служба е во состојба на готовност.
Томпсон стана популарен со националистичките песни во 90-тите години од минатиот век, за време на војната за независност на Хрватска. Неговите концерти се забранувани во повеќе држави поради глорификација на усташкиот режим во Хрватска за време на Втора светска војна.
Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните да не патуваат во Загреб поради концертот на Томпсон.