Почеток СПОРТРакометВеспрем ќе плати еден милион евра за Иван Мартиновиќ

Веспрем ќе плати еден милион евра за Иван Мартиновиќ

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Според ексклузивни информации до кои дојде „Handball Base“, унгарскиот гигант Веспрем ќе плати отштета од еден милион евра на Рајн Некар Левен за предвремено ослободување на Иван Мартиновиќ.

Иако според договорот Мартиновиќ требаше да се приклучи на унгарскиот клуб следното лето, Веспрем инсистираше на негов трансфер уште оваа сезона. За таа цел, клубот се согласи да плати висока сума за да го добие еден од најинтересните десни бекови во Европа.

Но трансферот не се состои само од пари. Како дел од договорот, Лукас Сандел и голманот Мајк Јенсен ќе се преселат во Рајн Некар Левен, додека покрај Мартиновиќ, Веспрем ќе го засили и шведската голманска легенда Микаел Апелгрен.

Можно е и ова да ти се допаѓа