Интер Мајами убедливо ги совлада Њујорк Ред Булс со 5-1, во рамките на најновото коло од МЛС. Главни протагонисти беа Лионел Меси и Теласко Сеговија, кои со по два гола ја уништија одбраната на Њујорк.
Иако до,аќините поведоа преку Хак во 14.минута, се натаму беше во знакот на Интер Мајами и Меси.
Атгентинецот во 24.минута со неверојатна асистенција му овозможи на Жорди Алба го израмни резултатот. Само три минути подоцна, ново мајсторство на Меси. Уште поубава асистенција до Сеговија кој го постигне својот прв гол за водство од 2-1. Сеговија во 45+ минута повторно се запиша во листата на стрелците за 3-.
Во второто полувреме следуваше шоуто на Меси. Прво гол во 60.минута, а во 75-та со гради ја асистираше до Луис Суарез, кој ја потврди убедливата победа.
Во последните седум натпревари, Меси на шест натпревари постигнал најмалку два или повеќе голови. Воено, Меси стана петтиот играч во историјата на МЛС со најмалку 35 голови и 25 асистенции во период од две години.
The post Меси со два гола и две асистенции му донесе нов убелдив триумф на Интер Мајами (ВИДЕО) appeared first on Sport Plus Macedonia.