Почеток СПОРТМакедонските младинки со победа го завршија Европското првенство

Македонските младинки со победа го завршија Европското првенство

sportplus.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Младата женска репрезентација на Македонија за ракометарки до 19 години како претпоследна 23-та го заврши настапот на Европското првенство.

Во својот последен натпревар на шампионатот, македонските младинки ја остварија единствената победа совладувајќи ја Литванија со 39-38.

Против истата селекција во првиот меѓусебен дуел македонските ракометарки одиграа нерешено и пропуштија победа.

Исто можеше да се случил и денеска доколку Гошевска не го одбранеше ударот на продавачката ракометарка во последната секунда, па спречи израмнување.

Така македонските млади ракометарки со една победа и реми (Литванија) и пет порази, го завршија првенството во Подгорица. Македонија на крајот е на претпоследното (23) место во конкуренција на 24 репрезентации.

Следен е настапот на јуниорките (селекцијата до 17 години) која исто така во Црна Гора ќе игра на ЕП. Тоа натпреварување ќе започне на 30 јули, а во меѓувреме оваа селекција ќе настапи на ЕМОФ во Скопје, почнувајќи од утре.

Следете нé на социјалните мрежи

The post Македонските младинки со победа го завршија Европското првенство appeared first on Sport Plus Macedonia.

Можно е и ова да ти се допаѓа