Почеток СПОРТМакедонија „повисока“ со Теодор Симиќ

Македонија „повисока“ со Теодор Симиќ

sportplus.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Она што недостасуваше во првите денови од подготовките на кошаркарската репрезентација на Македонија, висина, од денеска би требало да биде проблем помалку

Селекторот Марјан Илиевски, од денеска на располагање го има и Теодор Симиќ, кој уште од вечерниот тренинг влегува во конкуренција за место во тиом.

Практично Симиќ е првиот „домашен“ играч во ростерот, односно оној списокот кој селекторот Илиевски го објави пред стартот на подготовките.

Вториот дел од сезоната нашиот највисок репрезентативец го помина во гевгелиски Кожув, оттука, доаѓа и во тоа како добро позната средина.

„Па, ако ништо друго, нема да имам потреба за ‘адаптација’ на овие услови за работа овде во Гевгелија… Пред нас е оној најважен дел до подготовките во кој треба максимален ангажман од сите. Репрезентацијата изгледа ‘помлада’, што значи дека нашите обврски кон националниот тим се уште поголеми. Доста добро се познаваме, што треба да ни ја олесни задачата во оној тактички дел од подготовките. Останува добро да се подготвиме во деновите кои се пред нас и да се обидеме да дојдеме до што е поголем број на победи во претквалификациите. Овде ќе имаме и две ‘контроли’, на кои ќе видиме што и како треба до оние мечеви со Романија и со Унгарија’ – изјави Симиќ по доаѓањето во хотелот „Аполонија“ во Гевгелија. .

Во Гевгелија, македонските кошаркари ќе ги одиграат контролните натпревари со Швајцарија ќе се играат 25 и 26 јули.

Репрезентацијата ќе остане во Гевгелија се до преселбата во Куманово каде ќе се играат натпреварите. Првиот е закажан за 2 август против Романија.

Следете нé на социјалните мрежи

The post Македонија „повисока“ со Теодор Симиќ appeared first on Sport Plus Macedonia.

Можно е и ова да ти се допаѓа