Почеток ЕКОНОМИЈАЕдна од најлошите сезони за црногорскиот туризам: Хотелите се полупразни, Русите не доаѓаат

Една од најлошите сезони за црногорскиот туризам: Хотелите се полупразни, Русите не доаѓаат

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

„Никогаш не било послабо“ – велат туристичките работници во Црна Гора. Во екот на сезоната кога вообичаено црногорското приморје би требало да биде преполно, хотелите и приватните сместувања се полупразни.

Како што пишува порталот biznis.rs, до таквата оценка не се доаѓа само врз основа на визуелниот впечаток, туку и заради алармантно ниската исполнетост на туристичките капацитети, која не надминува 50 до 60 отсто.

Непостојаниот авиопревоз најголем проблем за Русите

Претседателот на Здружението на хотели во Црна Гора, Никола Пејовиќ, ги наведува причините и последиците за овогодишната туристичка криза во земјата.

„Минатата година, во овој период сè беше речиси пополнето. Сега? Имаме помеѓу 50 и 60 отсто исполнетост и тоа во најдобар случај. И хотелите и приватните сместувања се далеку под капацитетот“, вели Пејовиќ.

Според него, лошата состојба, пред сè, се должи на непостојаниот авиосообраќај, откажувањето на резервациите од туристите од Источна Европа, лошата инфраструктура, но и целосниот недостаток на единствена стратегија за развој на туризмот.

Непостојаниот авиопревоз, особено од правецот на Источна Европа и Азија, воената состојба во Украина, во појасот Газа и тензиите во Израел, како и стравот од терористички напади, во голема мера имале влијание, според него.

Тоа придонело, голем број туристи летово да ги откажат своите планови за одмор на Црногорското Крајбрежје.

„Русите сега доаѓаат преку Азербеџан, Баку – Подгорица – Белград. Но голем број летови се откажуваат. Луѓето се плашат. Само заради еден инцидент, летот се откажува, а хотелот останува без гости.

Откажувањето на летовите често значи и губење на правото за наплата на договорените ангажмани, што дополнително финансиски ги загрозува хотелите. Ако ти откажат, не им можеш ништо. Ако ги притиснеш со пенали, ќе го загубиш партнерот. А партнерите се ’клуч за опстанокот‘“ – вели тој.

Тој вели дека во моментов има само 700 гости на капацитет од 3.000 кревети во најголемиот комплекс во Будва „Слoвeнска плажа“.

Во недостаток на единствен софтвер, никој не може да го утврди точниот број туристи

Пејовиќ нагласува дека состојбата не е подобра ниту во приватниот сместување, но, признава дека државата нема точен број на тоа колку гости има во моментов, пред сè, затоа што недостига единствен систем за евиденција.

„Секоја институција има свој софтвер: туристичката организација, полицијата, локалната самоуправа. Никој не знае точно колку имаме гости, ниту каде се сместени. Сите работат со различни бројки, а никој не ја знае вистинската состојба.

Ние се потпираме на регионот, но годинава, ниту тоа не функционира. Имаме малку Босанци, од Србија имавме повеќе гости во првите шест месеци отколку минатата година, но сега ниту тоа не помага, затоа што во јули имаме голема празнотија во капацитетите“ – вели Пејовиќ.

Во моментов Црна Гора, освен од споменатите туристи е посетена и од Израелци, Кинези и гости од Западна Европа, но кои најчесто доаѓаат на една до три ноќи.

The post Една од најлошите сезони за црногорскиот туризам: Хотелите се полупразни, Русите не доаѓаат appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа