Почеток СПОРТОткриено колку сопственикот на Челси дал на секој играч за освојување на Светското клупско првенство

Откриено колку сопственикот на Челси дал на секој играч за освојување на Светското клупско првенство

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Сопственикот на Челзи, Тод Боли, не штедел пари кога станувало збор за наградување на своите играчи за освојување на Светското клупско првенство на ФИФА.

Имено, Боли одлучил да ги награди сите 29 играчи кои учествувале во овој историски успех, без оглед на нивните минути поминати или улога на теренот, и за таа цел издвоил вкупно 11,6 милиони евра.

Ова значи дека секој од нив добил дарежлив бонус од дури 400.000 евра!

Иако оваа сума изгледа импресивна, таа е само мал дел од вкупниот приход што клубот го остварил од освојувањето на трофејот.

Благодарение на овој успех на Светското клупско првенство на ФИФА, Челси заработил дури 131,4 милиони евра, што претставува значителен финансиски поттик за клубот, а воедно и олеснување во контекст на сè построгите правила за финансиски фер-плеј.

The post Откриено колку сопственикот на Челси дал на секој играч за освојување на Светското клупско првенство appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа