Два сребрени и шест бронзени медали освоија македонските тимови на Јуниорската балканска математичка олимпијада, што од 24 до 29 јуни се одржа во Струга. Ова е голем успех за младите математичари од земјава. Сребрени медали освоија Дијар Адеми и Владимир Грчев. Тие, заедно со Ана Митевска, Валентино Атанасоски и Никола Зорески, кои освоија бронзи, го составија првиот тим.
Според освоените медали, од Сојузот на математичарите на Македонија велат дека ова е еден од најуспешните резултати во последните 20 години.
Бронзени медали освоија членовите и од вториот тим – Филип Хаџи-Велков, Деа Ивановска и Калина Грашкоска.
Лидери на двата тима беа Петар Филиповски и Христина Митреска, кои ги реализираа и подготовките, заедно со м-р Илија Јовчески и проф. д-р Мирко Петрушевски.
The post Два сребрени и шест бронзени медали за Македонија на Јуниорската балканска математичка олимпијада first appeared on УМНО.МК.