Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изрази сомнеж врз способноста на Украина да се приклучи на Европската Унија до 2034 година, велејќи дека е малку веројатно дека пристапувањето ќе се случи во време што ќе влијае на среднорочните финансиски планови на блокот, кои се во сила до 2034 година.
„За нас, апсолутен највисок приоритет е, пред сè, да направиме сè што е можно за да ја завршиме оваа војна. Потоа ќе разговараме за обнова на Украина… но тоа ќе потрае неколку години… Веројатно нема ни да влијае на сегашните среднорочни финансиски перспективи на ЕУ“, рече Мерц по средбата со романскиот претседател Никос Дану во Берлин.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во февруари изјави дека Украина би можела да се приклучи на ЕУ пред 2030 година ако продолжи со реформите со сегашното темпо и квалитет.
Лидерите на ЕУ, исто така, изјавија дека пристапувањето во ЕУ би било најважната безбедносна гаранција за иднината на Украина.
Европската комисија предложи финансиски план на ЕУ од два билиони евра за периодот 2028-2034 година. Како дел од планот, Европската комисија издвојува 100 милијарди евра за Украина во рамките на делот за трошоци за проширување на ЕУ, објави Танјуг.
The post Мерц: Прашање е дали Украина ќе биде примена во ЕУ до 2034 година appeared first on Локално.